Обезбедување стручни услуги за анализа на туристички ресурси и изготвување на заеднички извештај
Фондацијата “Профилакса за здравје” организира тековно прифаќање на понуди во рамките на постапката за склучување договор за „Обезбедување стручни услуги за анализа на туристички ресурси и изготвување на заеднички извештај“. Постапката е организирана во рамките на проектот „Млади луѓе од Бугарија и Македонија заедно за туризам како здравствена превенција“ со рефрентен броj CB006.2.23.116, што се спроведува во рамките на Вториот повик за предлог-проекти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија, кофинансиран од Инструментот за претпристапна помош (CCI 2014TC16I5CB006). Постапката се спроведува во согласност со одредбите на Практичниот водич за договорни постапки за надворешни активности на Европската унија (верзија 2019) и Водичот за имплементација на проектот според Вториот повик за предлози на Програмата (верзија 1 / јули 2019) .
Повеќе информации и документи за учество:
Лице за контакт: Димитар Маникатов
Телефон: 0886799304
Email: profilaktikazazdrave@gmail.com
Крајниот рок за изразување интерес и доставување документи за учество е 20.12.2019 година, 17.00 часот по локално време.