Завршна прес-конференција во Крива Паланка

Денес, 11 ноември 2020 година, во градот Крива Паланка, Република Северна Македонија, се одржа завршна прес-конференција за проектот „Младите од Бугарија и Македонија за туризам како здравствена превенција“.
На прес-конференцијата присуствуваа г-дин Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на Третиот Североисточен плански регион и г-дин Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка, на чија територија е главна активност за изградба на мини терен за голф и фитнес на отворено.
Беа забележани главните цели на проектот, спроведувањето на активностите и постигнатите резултати. Се посвети внимание на позитивните повратни информации од населението за изградените спортски објекти и нивното место во вкупниот обем на инвестиции за здрав начин на живот.
Димитар Маникатов, менаџер на Фондацијата “Профилактика за здравје”, водечки партнер на проектот, исто така се вклучи преку видео конференција. Тој се заблагодари за укажаната помош во спроведувањето на проектот, доброто партнерство и задоволството од постигнатите резултати.
На прес-конференцијата присуствуваа засегнати страни, претставници на локалните власти и медиумите од регионот.

Почетна прес-конференција во Крива Паланка

Денес, на 28.05.2020 година, во градот Крива Паланка, Република Северна Македонија, се одржа прес-конференција на проектот „Младите од Бугарија и Македонија за туризам како здравствена превенција“.
На прес-конференцијата присуствуваа г-дин Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на третиот североисточен плански регион и г-дин Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка, на чија територија е главна активност за изградба на терен за миниголф и фитнес на отворено.
Беа забележани главните цели на проектот, напредокот на активностите и очекуваните резултати.
На прес-конференцијата присуствуваа засегнати страни, претставници на локалните власти и медиумите од регионот.

The project is co-funded by EU through the Interreg-IPA CBC Republic of Bulgaria – Republic of North Macedonia Programme.
Този проект е съфинансиран от Европейския съюз чрез Interreg – ИПП Програма за трансгранично сътрудничество между Република България и Република Северна Македония.
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија преку Interreg- ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.