Денес, 16 ноември 2020 година во Благоевград, Република Бугарија, се одржа завршна прес-конференција за проектот „Младите од Бугарија и Македонија за туризам како здравствена превенција“.

На прес-конференцијата присуствуваа Димитар Маникатов, менаџер на Фондацијата “Профилактика за здравје”, водечки партнер на проектот, претставници на туристичкиот бизнис и невладиниот сектор, како и академските институции.

Беа забележани главните цели на проектот, спроведувањето на активностите и постигнатите резултати. Се посвети внимание на позитивните повратни информации од учесниците во проектните активности и нивното разбирање за потребата од идни заеднички иницијативи за промовирање на туризмот во прекуграничниот регион и негово прилагодување кон предизвиците што ги носи кризата со глобалната пандемија на КОВИД 19

Г-дин Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на Третиот Североисточен плански регион, исто така се вклучи преку видео конференција. Тој се заблагодари за укажаната помош во спроведувањето на проектот, за доброто партнерство

На прес-конференцијата присуствуваа засегнати страни, претставници на локалните власти и медиумите од регионот.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

The project is co-funded by EU through the Interreg-IPA CBC Republic of Bulgaria – Republic of North Macedonia Programme.
Този проект е съфинансиран от Европейския съюз чрез Interreg – ИПП Програма за трансгранично сътрудничество между Република България и Република Северна Македония.
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија преку Interreg- ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.